MKinformer

your daily dose of news

Утре во Собранието закон на Левица за целосно здравствено осигурување за хонорарци и фриленсери

06/05/2026 20:51

Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот на Левица со кој се бара целосно покривање на здравственото осигурување за повеќе категории граѓани.

Со предлогот се опфатени хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, како и невработени граѓани. Во него се вклучени и членовите на нивните семејства.

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи повика на поддршка од сите парламентарни партии.

Тој порача дека Македонија според Уставот е социјална држава. Според него, тоа значи дека државата треба да обезбеди еднаква здравствена заштита за сите граѓани.

Во својата објава, Мециновиќ наведе дека со законското решение се бара целосно покривање на здравственото осигурување и за невработени лица чии брачни партнери имаат примања, како и за децата во тие семејства.

Од Левица очекуваат предлогот да добие поширока политичка поддршка во Собранието. Партијата смета дека ова прашање не треба да биде предмет на партиски разлики, туку на социјална одговорност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!