MKinformer

your daily dose of news

БМВ излета од обиколницата кај Мирковци, повредени возачот и тројца малолетници

11/05/2026 15:45

Патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот на обиколницата на Скопје, кај клучката Мирковци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на 10 мај 2026 година, околу 18:40 часот. Случајот бил пријавен во СВР Скопје.

Возилото го управувал 42-годишниот Р.Н. од скопското село Кондово. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди.

Со повреди се здобиле и сопатниците во возилото. Станува збор за С.Н. (40) и тројца малолетници.

Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!