Нова жртва на семејно насилство: 31-годишна жена убиена во Битала, сопругот приведен
14/05/2026 11:03
Тешко убиство се случило утрово околу 07:30 часот во битолската населба Баир, на улицата „5-та“, при што животот го загубила 31-годишна жена.
Според првичните и неофицијални информации, станува збор за случај на семејно насилство. На трагедијата, како што се наведува, ѝ претходела расправија меѓу сопружниците, по што жената била нападната и починала.
Осомничениот маж веднаш бил лишен од слобода. Полицијата го привела и го спровела во полициска станица.
На местото на настанот увид вршат јавен обвинител и полициски екипи. Тие работат на собирање траги и утврдување на сите околности поврзани со случајот.
Повеќе информации за мотивите и за точниот тек на настанот се очекуваат по завршувањето на истрагата.






![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)