MKinformer

your daily dose of news

Убиена 31-годишна битолчанка, мајка на четири деца: роднините тврдат дека со години трпела насилство

14/05/2026 13:50

Утринешното убиство во Битола добива уште потешка димензија, откако стана јасно дека жртвата е 31-годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца, која, според сведоштвата на нејзини блиски, подолг период трпела семејно насилство.

Трагедијата се случила утрово околу 6:40 часот во населбата Баир, на улицата „5-та“. За убиството е осомничен нејзиниот 33-годишен сопруг, со кого, според информациите, веќе не живеела заедно.

Осомничениот е лишен од слобода и се наоѓа во полициската станица во СВР Битола. Според првичните информации, на трагичниот настан му претходеле семејни расправии и недоразбирања што траеле подолг период.

Роднини на убиената велат дека таа често била изложена на насилство, но не пријавувала, најмногу поради децата. Според нив, откако се разделила од сопругот, со четирите деца се вратила кај својот татко.

„Често трпеше насилство. Ѝ велевме да пријави, но не го правеше тоа поради децата“, велат блиски на семејството.

Нова жртва на семејно насилство: 31-годишна жена убиена во Битала, сопругот приведен

Случајот повторно го отвора прашањето за пријавувањето на семејното насилство и за заштитата на жените кои живеат под долгогодишен притисок и страв.

Од Основното јавно обвинителство Битола информираа дека е издадена наредба за обдукција на телото на починатата. Од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази, кои ќе бидат предмет на вештачење.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!