Пожар во продавница во Чаир, едно лице пренесено во болница
14/05/2026 14:25
Едно лице било пренесено во болница откако вдишало чад при пожар што избувнал во продажен објект во Чаир, информира МВР.
Според полицијата, случајот бил пријавен на 13 мај 2026 година во 10:22 часот во СВР Скопје. Пожарот, како што се наведува, настанал околу 10:10 часот во продавница на улицата „Серава“ во Скопје.
Од МВР соопштија дека пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, со помош и на уште две лица.
При интервенцијата, едно од лицата вдишало чад и било пренесено во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
Засега нема информации за поголема материјална штета или други повредени лица.





