MKinformer

your daily dose of news

Утре почеток на судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

08/07/2026 8:51

Утре судење за серискиот убиец од Старо Нагоричане, четири убиства и два обиди

Пред кумановскиот суд ќе почне процесот против 25-годишниот Т.Б. за убиства на четири жени, извршени од полови страсти. Му се заканува доживотен затвор.

Почеток на судскиот процес во Куманово

Во Основниот суд во Куманово на 9-ти јули започнува судскиот процес за предметот К бр.368/26 , по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане .

На обвинетиот му се товарат 4 кривични дела, убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.

Жртвите и мотивите

Според објавените информации, жртвите на серискиот убиец биле постари жени , освен една која имала 35 години . Сите жртви биле пронајдени голи или полуголи , а убиствата се случиле во текот на оваа и минатата година .

Вештачењата покажале дека убиецот убиствата ги извршувал за да ги задоволи своите полови страсти кон мртвите тела .

error: Содржината е заштитена од копирање !!