MKinformer

your daily dose of news

Ја давеле ќерка му за врат, пробал да и помогне добил удар со пиштол во главата

19/05/2026 16:28

Маж од скопското село Кондово пријавил дека бил физички нападнат пред својот дом, при што добил повреда откако напаѓачот, според пријавата, го удрил со кундак од пиштол.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен ноќеска во 01:45 часот во СВР Скопје. Пријавата ја поднел Н.Ш. (41) од Кондово.

Тој навел дека инцидентот се случил претходната вечер околу 21:30 часот пред неговиот дом. Според пријавеното, Б.И. (18) физички го нападнал и му нанел повреда.

Во билтенот се наведува и дека претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка.

Кога таткото забележал дека Б.И. и уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да интервенира и да ги спречи, по што, според пријавата, бил нападнат.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!