MKinformer

your daily dose of news

Аудиовизуелен спектакл: Tribute to Pink Floyd во Охрид

18/05/2026 15:04

NUMB – Tribute to Pink Floyd во Охрид: Аудиовизуелно доживување на Антички театар

Концерт на 23 јули во рамки на S.O.S. Festival

На 23-ти јули (четврток) , на сцената на „Антички театар“ во Охрид, ќе се одржи ново издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари.

Организаторите најавуваат музичко уживање кое ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд.

Внимание на звук и сцена

И овој пат, огромно внимание ќе биде посветено како на звукот, така и на комплетниот сценски изглед. Музичкиот перформанс на Pink Floyd е аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.

Во рамки на S.O.S. Festival

Настанот е во рамките на концертната програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!