Анчелоти го објави списокот на Бразил за СП 2026: Нејмар се враќа на голема сцена
19/05/2026 9:20
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета за Светското првенство во 2026 година.
Најголемо внимание привлече враќањето на Нејмар. Искусниот напаѓач повторно е дел од националниот тим и ќе го има својот четврти настап на мундијалите. Воедно, ова е и негов прв повик под водство на Анчелоти.
Списокот беше промовиран на посебен настан во Музејот на утрешнината во Рио де Жанеиро. На презентацијата присуствуваа бројни фудбалски имиња, како и стотици новинари од повеќе земји.
Анчелоти порача дека списокот е составен професионално, со страст и врз основа на знаење.
Голмани
Алисон, Едерсон и Вевертон.
Одбрана
Алекс Сандро, Бремер, Данило, Даглас Сантос, Габриел Магалхаес, Ибањез, Лео Переира, Маркињос и Весли.
Среден ред
Бруно Гимараеш, Касемиро, Данило Сантос, Фабињо и Лукас Пакета.
Напад
Ендрик, Габриел Мартинели, Игор Тиаго, Луиз Енрике, Матеус Куња, Нејмар, Рафиња, Рајан и Винисиус Жуниор.
Подготовките на Бразил почнуваат на 27 мај во тренинг кампот Грања Комари во Тересополис. На тимот дополнително ќе му се приклучат и играчите што ќе настапат во финалето на Лигата на шампионите.
Бразил на 31 мај ќе одигра пријателски натпревар против Панама на „Маракана“, а потоа следува патување за Соединетите Американски Држави. Последниот тест пред Мундијалот е закажан за 6 јуни против Египет во Кливленд.
Распоред во групната фаза
14 јуни: Бразил – Мароко
20 јуни: Бразил – Хаити
25 јуни: Бразил – Шкотска






