MKinformer

your daily dose of news

Македонија со нова европска финансиска инјекција од 67,5 мил. евра

21/05/2026 10:11

Уште 65,7 милиони евра за Македонија: Нова финансиска поддршка од Европската комисија

Европската комисија исплати нова транша финансиска помош за земјите од Западен Балкан во рамки на Инструментот за реформи и раст. Македонија е меѓу добитниците, со 65,7 милиони евра.

Три земји ги исполнија условите за реформи

Покрај Македонија, средства добија и Албанија (49 милиони евра) и Црна Гора (44,2 милиони евра). Исплатата е извршена откако Европската комисија оцени дека овие три земји спровеле клучни реформи во областите на конкурентност, иновации, образование и дигитализација.

Што е Планот за раст за Западен Балкан?

Станува збор за програма усвоена од ЕУ во 2023 година, чија цел е побрза економска и институционална интеграција на земјите-кандидати во европскиот пазар. Вкупната вредност на Планот за раст изнесува шест милијарди евра.

Вкупни досегашни исплати за Македонија, 142.1 милиони евра

Според официјалните податоци, вкупно на Албанија досега ѝ се исплатени 212,8 милиони евра, на Црна Гора 89,3 милиони евра, а на Македонија 142,1 милион евра.

Каде ќе одат парите?

Средствата во Македонија ќе бидат насочени кон:

  • Подобрување на образованието и дигиталната инфраструктура во училиштата,
  • Директен трансфер на дел од парите во државниот буџет,
  • Инвестиции преку Western Balkans Investment Framework (WBIF).
error: Содржината е заштитена од копирање !!