MKinformer

your daily dose of news

Нестабилно време денеска: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град

24/05/2026 9:06

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер на повеќе места низ земјата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме. Можно е да има пообилен пороен дожд, силен ветер со брзина над 60 километри на час и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје исто така се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, проследено со интензивен дожд, засилен ветер и можна појава на град.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според синоптичарите, во текот на новата седмица времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Сепак, и понатаму во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!