Сончево и топло време денеска, попладне можен пороен дожд во јужните делови
25/05/2026 7:22
Денеска во Македонија се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Наместа ќе дува повремено засилен северен ветер, а во попладневните часови, претежно во јужните делови од земјата, ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје денеска не се очекуваат врнежи. Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Иако денот ќе биде претежно стабилен и топол, во делови од земјата попладне можно е краткотрајно влошување на времето, особено во јужните региони.






