Пред трагедијата камионот влегол во Македонија празен
27/05/2026 12:24
Царина: Камионот од тешката несреќа на обиколницата влегол преку Блаце без товар и со уредна документација
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, изјави дека товарното возило со косовски регистарски таблички, кое учествуваше во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, влегло во државата преку Граничниот премин Блаце без товар и со уредна документација.
Никакви неправилности при царинската контрола
Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ, Николовски посочи дека при царинската контрола не биле утврдени никакви неправилности.
„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови што се потребни во царинската постапка за да помине на тој граничен премин“, изјавил Николовски.
Сè спроведено согласно законските прописи
Тој додал дека од аспект на царинските процедури, сè било спроведено согласно законските прописи, додека причините за несреќата и околностите под кои се случила ќе бидат предмет на постапување на други надлежни институции.
„Подоцна, тоа што се случило е случај што треба да го разгледуваат други државни институции“, изјавил директорот на Царинската управа.
Потсетување за трагичната несреќа
Тешката сообраќајна несреќа се случи во четвртокот вечерта околу 23 часот на скопската обиколница, на делницата меѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци.
Во несреќата загинаа:
-
тројца 20-годишни млади момчиња
-
баритонот и првенец на Националната опера и балет, Ристе Велков




