(ВИДЕО) Пожар во Кисела Вода: Евакуирана зградата „ТРИМ И ЛУМ“
12/06/2026 7:51
Голем пожар во Кисела Вода: Евакуирана зградата „ТРИМ И ЛУМ“ по запален трансформатор
Голем пожар избувна денеска кај новите згради на улица „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода. За малку избегнато пожарот да ја зафати зградата „ТРИМ И ЛУМ“ откако се запали доводниот трансформатор за струја. Целата зграда беше евакуирана, а пожарникарите брзо интервенираа.
Евакуација на цела зграда
Според информации од местото на настанот, пожарот избувнал околу 6:00 часот, на доводниот трансформатор кој се наоѓа пред зградата. Појавата на густ чад и пламен предизвикала паника кај жителите.
Пожарникарите брзо излегле на терен и го изгаснале огнот, а полицијата веднаш започнала увид за да се утврди точната причина за пожарот.
Жител: „Од штекерите фрлаше струја“
Еден од евакуираните граѓани за МК Информер раскажа дека сцената била страшна:
„Се запали самата инсталација. Двата влеза немаат струја. Имаше голем оган тука, цела зграда беше евакуирана. Од штекерите фрлаше струја.“
Мистерија околу причината
Истрагата треба да покаже како дошло до палење на трансформаторот. Она што ја прави оваа ситуација невообичаена е фактот што зградата е нова, инсталацијата е нова, а и трансформаторот е нов.
Дополнително, објектот се користи исклучиво за живеење, нема индустрија, нема погон, ниту било каква дејност што би го преоптоварила струјниот систем.
Жителите остануваат без јасен одговор како е можно нов систем да откаже на ваков драматичен начин. Истрагата продолжува.







One thought on “(ВИДЕО) Пожар во Кисела Вода: Евакуирана зградата „ТРИМ И ЛУМ“”
Comments are closed.