ЕВН демантира одговорност за пожарот во Кисела Вода
12/06/2026 21:12
ЕВН се огради по експлозиите во Кисела Вода: Запалените кабли не се дел од нашата мрежа
По утринската серија експлозии во населбата 11 Октомври во Кисела Вода, за што информираше МК Информер, вечерва од ЕВН информираа дека пожарот не настанал на дел од нивната дистрибутивна мрежа.
(ВИДЕО) Пожар во Кисела Вода: Евакуирана зградата „ТРИМ И ЛУМ“
Каблите биле од внатрешна инсталација
Како што соопштија од компанијата, најверојатно станува збор за кабли кои се дел од внатрешна инсталација на корисник, кои претрпеле хаварија.
Оттаму нагласуваат дека нивните дистрибутивни кабли биле поштедени од пожарот и дека истата била локализирана само на дел од кабелот за напојување на зградите.
Стручни лица на терен
Екипи на ЕВН, заедно со Електродистрибуција, излегле на терен веднаш по пријавата за да го санираат проблемот.
„ЕВН Македонија ги презема сите потребни мерки за обезбедување на сигурно и безбедно снабдување со електрична енергија, а по целосно расчистување на теренот, дополнително ќе информираме за причините за овој инцидент“, велат од компанијата.
Истрагата продолжува
Инаку, увид на местото изврши и Министерството за внатрешни работи, од каде соопштија дека се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.
Жителите на Кисела Вода остануваат без одговор кој е точниот виновник за инцидентот што ги вознемири утринава, а стравот од градилиштата и небезбедните инсталации останува.






