MKinformer

your daily dose of news

Му ја сликал картичката на пациент и му потрошил над 1.500 евра преку интернет

16/06/2026 17:21

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С. (40) од Прилеп поради сомнение за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Според полицијата, на 13 октомври 2025 година, пријавениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп, ја фотографирал дебитната платежна картичка на едно лице од Прилеп.

Потоа, во периодот од 26 октомври 2025 до 19 февруари 2026 година, со податоците од картичката направил 71 интернет трансакција.

Со тие нарачки и плаќања, според пријавата, потрошил вкупно 90.174 денари, односно над 1.500 евра.

По документирањето на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!