Руска воен брод испука предупредувачки истрели кон британска јахта во Ламанш
16/06/2026 18:04
Британска јахта се нашла на нишан на руски воен брод во Ламанш, откако екипажот на фрегатата испукал предупредувачки истрели кон неа. Инцидентот е пријавен од британската новинска агенција Press Association, а се случил денес околу 11:40 часот по локално време, во водите помеѓу британскиот остров Вајт и француската област Нормандија. Според првите информации, во инцидентот учествувала руската фрегата „Адмирал Григорович“.
Британско Министерство за одбрана отвора истрага
Лондон веднаш реагирал на наводите. Министерството за одбрана на Велика Британија соопштило дека е отворена истрага околу тврдењата дека руски воен брод испукал предупредувачки истрели во близина на јахта со британска регистрација, додека таа пловела низ Ламанш. Од министерството кратко изјавиле дека извештаите за инцидентот се проверуваат. Засега нема информации за повредени лица, ниту за оштетување на јахтата.
На социјалните мрежи се појавија и непотврдени наводи дека по инцидентот, британски и француски бродови биле мобилизирани како одговор.
Инцидент во сенка на заплена на руски танкер
Случајот доаѓа само два дена по една поголема британска акција во истиот канал. Во неделата, единици на Кралската морнарица заедно со Националната агенција за криминал (NCA) извршиле упад и презеле контрола врз танкерот „Смиртос“ – брод под меѓународни санкции, поврзан со таканаречената руска „флота во сенка“ што се користи за нелегален транспорт на нафта. Танкерот сега е запленет и прикотвен на јужниот брег на Англија, а дел од екипажот е под истрага за прекршување на санкциите.
Зголемено руско присуство во британските води
Фрегатата „Адмирал Григорович“, дел од Црноморската флота на Русија, веќе со недели патролира во близина на британски територијални води. Извештаите укажуваат дека бродот придружувал танкери од „флотата во сенка“, а имало и наводи за негово сомнително присуство во близина на ветерна фарма крај брегот на Сафолк.
[Unconfirmed] Russian frigate Grigorovich has fired warning shots at a British yacht in the channel.
British and French ships are mobilising in response.
Incident comes after the Royal Navy boarded Shadow Fleet tanker SMYRTOS (IMO: 9389100) which has been sanctioned by HM…
— Martin Kelly (@_MartinKelly_) June 16, 2026






