MKinformer

your daily dose of news

Дел од Гази Баба денеска без струја

17/06/2026 10:29

Гази Баба без струја денеска ќе остане во дел од општината, информираат од ЕВН Македонија.

Според известувањето, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе трае во периодот од 05:00 до 15:00 часот.

Кои корисници ќе бидат без електрична енергија

Без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Александар Македонски“ и улицата „Архимедова“.

Исто така, со прекинот ќе бидат опфатени и објектите лоцирани во близина и околу домот „Стив Наумов“, Хемискиот институт, сендвичарницата „Хемиски“, „Муровска меана“ и црквата „Свети Архангел Михаил“ во Општина Гази Баба.

error: Содржината е заштитена од копирање !!