MKinformer

your daily dose of news

ПОДГОТВЕТЕ СЕ НАВРЕМЕ: Голем дел од Скопје во сабота речиси цел ден без вода

17/06/2026 12:25

Скопје без вода ќе остане во сабота, 20 јуни, во повеќе делови од градот поради санација на дефект на кејот на Вардар и на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Според известувањето, прекинот ќе трае од 09:00 до 22:00 часот. Без вода ќе останат поголем број улици и објекти во општините Центар, Чаир и Гази Баба.

Кои објекти ќе бидат без вода

Со прекинот ќе бидат опфатени објектот на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ТЦ „Мавровка“, дел од Турската чаршија и Саат кулата.

Без вода ќе останат и Македонската телевизија и ТЦ „Ист Гејт“.

Улици и населби опфатени со прекинот

Прекин во водоснабдувањето ќе има и на улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, како и на дел од булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Со прекинот ќе биде опфатена и населбата Крњево.

Можен прекин или намален притисок и во Автокоманда

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека можност за прекин или намален притисок на водата ќе имаат и дел од жителите на Автокоманда, односно ниската зона до населбата Камник.

error: Содржината е заштитена од копирање !!