MKinformer

your daily dose of news

Safe City стартува и во Охрид и на автопат кај Ново село

25/06/2026 17:42

Системот „Безбеден град“ (Safe City) се воведува и во Охрид

СВР Охрид ја известува јавноста дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој официјално стартуваше на 01.02.2026 година, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.

Камери во функција на автопатската делница кај Ново село

Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносните камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Уредите на оваа локација сега вршат надзор.

Наредни потези: Горенци-Требеништа и коридорите 8 и 10

Во наредниот период, проектот се очекува да профункционира и на патниот потег меѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, но се уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање.

Придобивки од системот

Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедност во сообраќајот.

Апел до возачите

Од СВР Охрид апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење, која на автопатската делница изнесува 100 километри на час.

error: Содржината е заштитена од копирање !!