MKinformer

your daily dose of news

Македонски тениски триумф: Ѓорческа на Вимблдон

25/06/2026 18:35

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари историски успех, таа ќе игра на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон! Со овој пласман, таа стана првата македонска тенисерка во историјата која ќе настапи на неофицијалното тениско светско првенство.

Сонуваше од мали нозе

Пред 20 години, девојчето од Тетово, Лина Ѓорческа, го започна својот сон и тенискиот пат. Денес стигна наградата за целиот вложен труд, за работата во земјата со веројатно најлоши тениски услови. Таа проби бариера која никој претходно не успеал.

Посвета на татко ѝ

Пред само еден месец, Лина остана без нејзината најголема поддршка – нејзиниот татко, легендата на македонската одбојка, Владимир Ѓорчески – Ципа. Денес таа го оствари сонот што заедно го сонуваа.

Круна на трудот

Пласманот на Вимблдон е круна на целиот нејзин досегашен труд и посветеност. Лина, радувај се и уживај, ова е твој момент!

Ѓорческа со пресврт ја мина втората пречка на Вимблдон

error: Содржината е заштитена од копирање !!