Од 1 јули пониски царини за 70 производи
30/06/2026 10:42
Од 1 јули пониски царински стапки за 70 суровини
Собранието на Северна Македонија вчера ги усвои законските измени на Законот за царински тарифи, со што од 1 јули 2026 година стапуваат на сила пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини и репроматеријали во домашната индустрија.
Поддршка за автомобилската и металуршката индустрија
Оваа мерка, како што соопшти Министерството за финансии, е насочена кон помагање на локалните компании во трговската размена. Намалувањето на царините најмногу ќе им користат на претпријатијата од автомобилската, металопреработувачката и металуршката индустрија, кои во голема мера зависат од увоз на репроматеријали.
Усогласување со нормите на ЕУ
Од Министерството велат дека измените се прилагодени на нормите на Европската унија и дека се подготвени во консултација со стопанските комори. Ова е продолжение на реформите започнати минатата година, кога на 1 јули 2025 година беше реализирано првото намалување на царинските стапки до 50 отсто од нивото на стапките што важат во ЕУ.
Поевтино производство и поголем извоз
Од Министерството за финансии истакнуваат дека намалувањето на царинските стапки ќе придонесе за намалување на трошоците на компаниите, особено во преработувачката индустрија. Ова ќе овозможи подобри услови за производство и извоз. Мерката е насочена кон зајакнување на извозната конкурентност на домашните компании, зголемување на инвестициите, отворање нови работни места и обезбедување повисок девизен прилив во државата.






