MKinformer

your daily dose of news

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Брвеница

07/07/2026 15:44

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Со ова се создаваат законските предуслови за спроведување на постапката за избор на нов градоначалник, соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Усвоена информација од Министерството

Митева информираше дека на денешната владина седница била разгледана и усвоена информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа.

Претходно било добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница.

Во известувањето било наведено дека настапил законски основ за предвремен престанок на мандатот.

Постапка според законските рокови

Според Митева, Министерството за локална самоуправа ја започнало постапката согласно законските обврски.

Причина е околност која, според Законот за локалната самоуправа, доведува до престанок на мандатот по сила на закон.

Таа потсети дека Министерството има обврска во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата.

Потоа Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување нови избори за градоначалник.

Што следува во Брвеница по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски?

Се отвора пат за избор на нов градоначалник

„Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и рокови“, изјави Митева.

Со оваа одлука се отвора патот за понатамошна постапка за избор на нов градоначалник на Општина Брвеница.

error: Содржината е заштитена од копирање !!