MKinformer

your daily dose of news

Франција донесе закон за евтаназија

17/07/2026 20:02

Францускиот парламент усвои закон за асистирано умирање

Поддршка по долгогодишна јавна дебата

Францускиот парламент го усвои законот со кој се овозможува медицински асистирано умирање за полнолетни лица со терминални и неизлечиви болести, по повеќегодишна јавна и политичка дебата за ова прашање.

Долниот дом на парламентот го изгласа предлог-законот со 291 глас „за“ и 241 „против“. Сепак, законот нема веднаш да стапи во сила, бидејќи неговите противници најавија иницијатива за проверка на неговата уставност.

Макрон: „Обврската е исполнета“

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја најави реформата пред повеќе од три години, го поздрави гласањето.

Се обврзав да го отворам овој пат со францускиот народ во 2022 година. Со сериозност, со понизност и со целосно почитување на нашата демократија, оваа обврска е исполнета“, напиша Макрон на платформата X.

Строги услови за добивање медицинска помош

Предлог-законот предвидува право на медицински асистирано умирање само за полнолетни француски државјани или жители на Франција кои имаат сериозна и неизлечива болест, се наоѓаат во напредна или терминална фаза и трпат неподносливи болки.

Во најголем дел од случаите, пациентот сам ќе треба да го земе смртоносниот лек, додека помош од лекар или медицинска сестра ќе биде дозволена само доколку физичката состојба не му овозможува самостојно да го направи тоа.

Психолошкото страдање не е доволно

Законот предвидува лекарот задолжително да се консултира со тим здравствени професионалци пред да донесе одлука. Самото психолошко страдање нема да биде доволна основа за одобрување на медицински асистирано умирање, а мерката нема да важи за лица со тешки психијатриски нарушувања или со одредени невродегенеративни заболувања, како Алцхајмеровата болест.

error: Содржината е заштитена од копирање !!