MKinformer

your daily dose of news

Владата очекува крај на водната криза

23/07/2026 15:27

Мицкоски: До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар

Жителите на Гостивар би можеле веќе до крајот на оваа недела да добијат технички исправна вода, а доколку активностите продолжат според планираната динамика, кон крајот на следната недела водата ќе биде безбедна и за пиење, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Изјавата ја даде при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, каде информираше за текот на активностите за санација на водоводниот систем во Гостивар.

Во тек е санација на водоводната мрежа

Премиерот посочи дека на терен работат стручни екипи од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и дека процесот се одвива според предвидениот план.

„Доколку сè се одвива според предвидената динамика, до крајот на оваа недела ќе имаме технички исправна вода. Потоа ќе следува целосно плакнење на водоводниот систем, за да се обезбеди вода со соодветно ниво на хлор, најпрво за техничка употреба, а планот е кон крајот на следната недела да биде безбедна и за пиење“, изјави премиерот.

Следува прочистување на системот

Мицкоски објасни дека по обезбедувањето технички исправна вода ќе се спроведе дополнителен процес на прочистување и плакнење на целата водоводна мрежа, со цел да се гарантира безбедноста на водата за граѓаните.

Владата останува ангажирана

Премиерот нагласи дека, иако водоснабдувањето во Гостивар не е директна надлежност на Владата, институциите се целосно вклучени во решавањето на проблемот.

„Ќе направиме сè што е потребно системот повторно да биде целосно функционален и граѓаните да добијат безбедна вода за употреба во најкус можен рок“, порача Мицкоски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!