MKinformer

your daily dose of news

Започна 48. Илинденски коњички марш

28/07/2026 7:38

Со 35 учесници започна 48. Илинденски коњички марш кон Крушево

Од црквата „Свети Петар и Павле“ свечено беа испратени коњаниците

Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Ново Лисиче вечерва свечено беа испратени 35 учесници на традиционалниот 48. Илинденски коњички марш, кој и годинава ќе ги однесе коњаниците до Крушево во чест на илинденците и нивната жртва за македонската слобода.

На испраќањето присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, повеќе министри, пратеници и градоначалници, кои претходно учествуваа на литургијата, а потоа и на свеченоста во дворот на црквата.

Мицкоски: Нека патот биде безбеден

Премиерот Христијан Мицкоски им посака успешен и безбеден пат на учесниците.

„Со гордост им посакавме среќен пат кон Крушево, каде што и оваа година ќе им оддадат почит на илинденците и на сите што ја вградија својата жртва во македонската слобода. Нека нивниот пат биде безбеден, а традицијата што ја негуваат продолжи да ги обединува сегашните и идните генерации“, рече Мицкоски.

Стефковски: Знамето нека биде симбол на единството

Поддршка на учесниците им даде и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Нека патот им биде лесен, а знамето што го носат нека биде симбол на нашето единство, достоинство и непоколеблива љубов кон татковината“, порача Стефковски.

Пристигнување во Крушево на 2 август

Според програмата, учесниците на 48. Илинденски коњички марш треба да пристигнат во Крушево на 2 август, каде ќе продефилираат кај Мечкин Камен по повод одбележувањето на големиот македонски верски, национален и државен празник – Илинден.

error: Содржината е заштитена од копирање !!