Еве кога ќе се одржат предвремените избори за градоначалник на Брвеница
07/08/2026 12:28
Еве кога ќе се одржат предвремените избори за градоначалник на Брвеница – гласањето е закажано за 18 октомври 2026 година.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за распишување на изборите и соопшти дека таа е донесена во согласност со Уставот, Изборниот законик и важечките закони.
Гласањето ќе се одржи на 18 октомври
Со потпишувањето на одлуката официјално започнуваат постапките за организирање на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија во Брвеница и другите надлежни институции Гаши побара изборниот процес да биде спроведен професионално и непристрасно.
Тој нагласи дека сите постапки треба да се спроведуваат согласно законските процедури.
Повик до кандидатите за достоинствена кампања
Гаши ги повика кандидатите и политичките субјекти изборната кампања да ја водат со програми, идеи и визија за развојот на општината.
Тој побара да се избегнуваат пораки кои можат да предизвикаат поделби или да ја нарушат довербата во демократскиот процес.
Што следува во Брвеница по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски?
Ги повика граѓаните да гласаат
Гаши упати повик и до жителите на Брвеница да излезат на гласање и да го искористат своето демократско право.
„Убеден сум дека овие избори ќе ја потврдат демократската зрелост на институциите и на нашите граѓани“, порача Гаши.
Предвремените избори за градоначалник на Брвеница – граѓаните ќе гласаат на 18 октомври 2026 година.





