MKinformer

your daily dose of news

Јаневска: Не е зголемен бројот на случаи на врсничко насилство, зголемена е бруталноста во случаите

11/08/2026 17:41

Во последните три учебни години не е зголемен бројот на случаи на врсничко насилство во училиштата, но расте бруталноста во дел од нив.

Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на панел-дискусија во Охрид.

Според неа, годишно се пријавуваат околу 50 случаи.

Јаневска: Имаме предизвик што мора да се решава

Министерката оцени дека превентивните активности се најважни во борбата против врсничкото насилство.

Со законските измени од минатата година училиштата добиле обврска да планираат мерки за заштита на учениците.

Тие опфаќаат спречување насилство, злоупотреба, запуштање и дискриминација.

Повторно дежурства на наставници

Јаневска посочи дека се зајакнуваат и стручните служби во училиштата.

Таму каде што недостигал кадар се ангажираат дополнителни стручни лица.

Повторно се воведени и дежурствата на наставниците за време на одморите.

Нови алатки против булинг

Во соработка со „Телеком“ и УНИЦЕФ е изработен прирачник за справување со сајбер-булинг.

Со „Макпетрол“ е подготвен и прирачник за справување со врсничко насилство во училиштата.

Паралелно се работи и на национални стандарди за безбедни училишта.

Во подготовка и казни за родители

Јаневска информираше дека во собраниска процедура се законски измени.

Со нив се предвидуваат парични казни за родители и старатели во одредени случаи.

Казни би можело да има и за родители кои одбиваат да соработуваат со училишните служби.

Јаневска повтори дека не е зголемен бројот на случаи на врсничко насилство, но е зголемена бруталноста во дел од нив.

error: Содржината е заштитена од копирање !!