MKinformer

your daily dose of news

(Видео)26-годишник убиен во Дуќанџик, бил застрелан со повеќе куршуми

07/09/2026 10:24

26-годишник е убиен во скопски Дуќанџик, објави порталот „Скопје1“.

Според првичните информации, младиот маж бил застрелан и имал повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.

Пренесен во Ургентен центар

По пукањето, на местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.

И покрај обидите на лекарите да му биде укажана медицинска помош, тој починал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MK!nformer (@mkinformer)

Се очекуваат детали од МВР

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило пукањето.

Не е познато ниту дали има осомничени лица или приведени.

Повеќе детали за случајот се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.

25-годишник убиен во скопски Дуќанџик е најновиот случај на насилство со огнено оружје во главниот град, а истрагата треба да ги утврди мотивите и околностите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!