MKinformer

your daily dose of news

Огненовски: Секоја четврта компанија во Македонија работи со загуба, профитабилноста дополнително опаѓа

03/11/2026 10:34

Компании што работат со загуба има сè повеќе во Македонија, покажува анализа објавена од Огнен Огненоски, основач и извршен директор на Biznis Mreza.

Според податоците што ги објави Огненоски, во последните четири години уделот на фирмите што работат со загуба се зголемил од 22,7 на 24,4 проценти.

Тоа значи дека речиси секоја четврта компанија во земјава работи со негативен финансиски резултат.

Раст од 7,5 проценти на фирмите во загуба

Гледано релативно, уделот на компании загубари пораснал за околу 7,5 проценти во четиригодишниот период.

Во исто време, под притисок е и профитабилноста на компаниите што работат позитивно.

Според анализата, медијаната на нето-профитната маржа се намалила од 5,7 на 5,3 проценти.

Тоа покажува дека не се зголемува само бројот на фирмите во загуба, туку се намалува и маржата кај типичната компанија.

Економскиот раст не ја покажува целата слика

Огненоски оценува дека овие податоци се пример зошто вкупниот економски раст не секогаш ја прикажува реалната состојба на компаниите.

Просечните макроекономски показатели можат да покажуваат раст, додека значителен дел од бизнис-секторот истовремено се соочува со пад на профитабилноста.

Според него, вистинската сила на една економија не треба да се мери само преку растот на БДП, туку и преку бројот на здрави и профитабилни компании што ги создава.

Податоците што ги објави Biznis Mreza покажуваат дека уделот на компании што работат со загуба расте, додека просечната профитабилност на бизнисите се намалува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!