MKinformer

your daily dose of news

Иуте Пеј започнува со работа – iute сметка отсега достапна во апликацијата Myiute

04/11/2026 12:22

Иуте Пеј започнува со работа како дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија, со дозвола од Народната банка за издавање електронски пари и давање платежни услуги.

Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од една минута.

Со овој чекор, Иуте влегува во нова фаза од својот развој на македонскиот финансиски пазар. Компанијата го проширува своето портфолио надвор од кредитирањето и осигурителното посредништво и поставува основа за интегриран дигитален финансиски екосистем.

180 клиенти отвориле iute сметка во првите 24 часа

Само во првите 24 часа, 180 клиенти успешно отвориле iute сметка.

Процесот на отворање е целосно дигитален и трае неполна минута.

Истовремено, преку iute платежните сметки за само еден ден веќе се реализирани трансакции во вредност од над 10 милиони денари.

Од компанијата посочуваат дека ова ја потврдува оперативната подготвеност на услугата и нејзината улога во секојдневното корисничко искуство.

Што значи ова за клиентите?

Отворањето на iute сметка е бесплатно, без посета на филијала, и се реализира преку апликацијата MyIute.

Клиентите добиваат пристап до сопствена платежна сметка, со можност за повлекување готовина преку сопствената мрежа на банкомати на Иуте.

Отсега, новите кредитни пласмани од Иуте Кредит ќе се реализираат директно на iute платежната сметка, без дополнителни трошоци.

Пристапот до сметката и користењето на средствата се заштитени со двофакторска автентикација и високи безбедносни стандарди.

Нова фаза во развојот на дигиталните финансиски услуги

Iute сметката е основата врз која Иуте Пеј ќе ги развива своите идни платежни услуги.

Во периодот што следува, фокусот ќе биде на постепено проширување на можностите за безготовински плаќања, трансфери и користење дополнителни дигитални услуги.

Целта е клиентите на едно место полесно да управуваат со своите средства и финансиски обврски.

„Со започнувањето на работата на Иуте Пеј правиме важен чекор во развојот на нашата дигитална финансиска платформа. Особено нè радува довербата што клиентите ја покажаа уште во првиот ден, како и фактот дека новата услуга функционира непречено и дека процесот на отворање сметка е едноставен и брз. Нашата цел е да продолжиме да развиваме сигурни, достапни и практични финансиски услуги, кои ќе одговараат на потребите на современите корисници. Новите можности ќе ги воведуваме постепено, внимателно и во согласност со регулативата“, посочува Александар Петковски, извршен директор на Иуте Пеј.

Под супервизија на Народната банка

Како институција за електронски пари под супервизија на Народната банка, Иуте Пеј работи во согласност со законската регулатива за платежни услуги и платни системи, спречување перење пари и заштита на личните податоци.

Повеќе информации за iute сметка и начинот на нејзино отворање клиентите можат да најдат директно во апликацијата MyIute, како и на веб-страницата на Иуте.

Со ова, Иуте Пеј започнува со работа со првата платежна услуга достапна преку MyIute и со план за постепено проширување на дигиталните финансиски можности.

error: Содржината е заштитена од копирање !!