„Ало полиција, ме натепаа комшиките“: Скопјанка пријавила дека била физички нападната од две соседки
15/11/2026 20:52
Напад во Топаана бил пријавен доцна синоќа, откако 35-годишна скопјанка во полиција пријавила дека била физички нападната од две свои сосетки.
Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 22:20 часот во СВР Скопје.
М.Е.Н.(35) од Скопје пријавила дека околу 22:10 часот била нападната на место викано „Чикаго“, локалитет во ромското маало Топаана, на поширокото подрачје на Бит Пазар.
Пријавени две соседки
Според пријавата, неа физички ја нападнале 35-годишната Е.Р. и 18-годишната Ш.Р.
Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за причините за инцидентот, ниту дали во нападот имало повредени лица.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Се преземаат активности за целосно расчистување на напад во Топаана и утврдување на сите околности поврзани со случајот.






