MKinformer

your daily dose of news

Рециклажа на заштитните маски?!

05/09/2020 16:52

Проблемот со еднократната употреба на заштитните маски станува се поголем еколошки проблем ширум светот. Една француска компанија нуди решение за проблемот.

Имено, новооснованата француска фирма „Плакстил“ планира да започне со рециклирање, таму велат дека искористените маски, во комбинација со пластика, можат да се искористат за производство на нови маски, визири, па дури и кваки за врати. Тоа навистина би значело барем делумно решение на еколошкиот проблем со искористените маски, зашто поради пандемијата на коронавирус, која е неизвесно кога ќе биде ставена под контрола, станува збор за милијарди парчиња.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!