Македонска пошта по долго време ќе добие директор Македонец?
22/09/2020 10:17Директор на пошта ќе биде Александар Бајдевски претседателот на Градската организација на СДСМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Претходно се шпекулираше дека директорското место во Македонска Пошта ќе припадне на БЕСА.
Се поставува прашањето е дали е ова причината за издвојување на пратеничката група на БЕСА од коалицијата „Можеме“ ако се земе во предвид дека придонесот на партијата на Биљал Касами беше клучна за победата на СДСМ на предвремените парламентарни избори.
Беса речиси и да не е застапена во извршната власт.






