БЕЗ ЛИЦЕНЦА ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА ЗА ОГРЕВ – КРИВИЧНА ЗА СВЕТИНИКОЛЧАНЕЦ
29/10/2020 13:18Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ. (46) од с.Каратманово, Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 21.10.2020 пријавениот вршел јавен превоз без да поседува лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски на огревно дрво со товарно моторно возило на релација с.Крушица-с.Каратманово






