MKinformer

your daily dose of news

РАШКОВСКИ СТАНУВА СОВЕТНИК НА ЗАЕВ, ЗА ЗЕЌИРИ СЕ БАРА МЕСТО

10/11/2020 17:35

Досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски ќе остане на „Илинденска“ како советник на премиерот Зоран Заев.

Според неофицијални информации, пак, една од опциите за негов наследник е потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, кој претходно го споменуваа како следен директор на Фондот за здравствено и инвалидско осигурување.

Како што велат изворите на „Фокус“, во изминатиов период неколку луѓе однадвор се пожалиле кај партиското раководство за одредени постапки и дејства на Зеќири, но според висок партиски функционер причината поради која не станал директор на ФЗОМ била несоодветното образование.

Другата опција за прв администартивец на „Илинденска“ е млад правник непознат за пошироката јавност, велат изворите на „Фокус“ според кои во таква ситуација, Зеќири, кој е поранешен новинар и уредник, се споменува како нов генерален директор на МРТВ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!