MKinformer

your daily dose of news

НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: СЕКОЕ МИНИСТЕРСТВО ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРИСПОСОБУВА ЗАКОНИТЕ ЗА СВОИТЕ СЕКТОРИ

24/11/2020 17:12

Предлогот недела да биде неработен ден доби нацрт верзија. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да достават мислења за нацрт верзијата.

И покрај тоа што недела би била неработен ден треба да се обезбеди непречено функционирање на витално важните функции на државата, односно 24-часовна покриеност на оние дејности кои им се неопходни на државата како здравство, полиција, противпожарните служби, комуналните служби кои се под ингеренции на општините.

Според дел од бизнис заедницата македонија не е толку богата за да се откаже од прометот кој ќе се изгуби ако недела е неработен ден. Дополнително бараат анализи кои ќе покажат дали на земјава и треба ваков чекор.

Кога ќе биде готова конечната верзија на законското решение ќе биде објавена наесен за да помине на нов филтер на јавното мислење и бизнис заедницата, а потоа да се најде пред пратениците.

error: Содржината е заштитена од копирање !!