НА ДЕНЕШЕН ДЕН: СЕ ВРАЌАМ!!! Зборовите што ја сменија кошаркарската историја
18/03/2021 20:22На денешен ден, 18 март 1995 година, Мајкл Џордан објави дека се враќа на кошаркарските терени по 17-месечната „пензија“ во која замина по комплетирањето на првиот шампионски хет-трик со Чикаго Булс.

Години подоцна, во американските медиуми кружеа приказни дека тој размислувал за крај на кариерата по Олимписките игри во Барселона на кој првпат настапи еден дрим-тим. Џордан никогаш не го потврди тоа, но во 1993 година одлучи да се повлече откако загина неговиот татко како колатерална штета во револверашка пресметка.
Имаше и друга верзија: дека воопшто не е отиден во пензија, туку е суспендиран од комесарот Дејвид Стерн поради коцкање и неспортско однесување. Во натпреварите од финалната серија таа година, против Феникс, Џордан постигна 31, 42, 44, 55, 41 и 33 поени што е доказ дека се наоѓаше во одлична физичка форма.
March 18th, 1995: SportsCenter on the return of Michael Jordan.
— Ballislife.com (@Ballislife) March 18, 2021
Откако го исполни сонот и ветувањето дадено кон неговиот татко, некогаш во животот да заигра безбол, Џордан, сепак, одлучи да ѝ се врати на кошарката. Во текот на неговото отсуство, две шампионски титули освои Хјустон Рокитс со Хаким Олајџувон, но враќањето на Мајкл значеше и враќање на доминацијата на Чикаго Булс.






