MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Вработен во Влада и фан на власта: Oва е човекот кој му се зakaнуваше на Апасиев

07/07/2021 13:55

Голема прашина во јавноста крена објавата на Димитар Апасиев на Фејсбук во која тој расакажа за една непријатна ситуација со полициски службеници кои го застанале на автопатот Скопје-Штип.

Тој посочи дека полицајците кои го сопреле неговиот автомобил не ја почитувале процедурата, а се променило во моментот кога им го посочил својот пратенички имунитет.

По објавата за настанот Апасиев доби и лична закана од Фестим Рустеми вработен во Владата на Република Македонија. Она што загрижува е фактот што досега и покрај заканите упатени кон пратеник тој се уште не е повикан во полиција.

-Ова е Фестим Русеми љубител на ликот и делото на Зоќе и возач во Владата кој јавно и директно му се заканува на пратеник. Да бевме нормална држава сега ќе беше повикан во полиција и ќе леташе од работа.

На заканите од Рустеми одговори и Апасиев.

Премиере @Zoran_Zaev Во која тоа европска земја, ШОФЕР во Влада му се заканува на пратеник во парламент, запраша Апасиев.

error: Содржината е заштитена од копирање !!