MKinformer

your daily dose of news

Тепачка во собрание

15/05/2025 17:02

Вербална расправија меѓу пратениците Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица се случила во ходник на Собранието, поради високи патни трошоци што Ристески ги наплатил за релацијата Прилеп-Скопје. Ситуацијата се влошила до таа мера што морало да интервенира обезбедувањето.

Ристески, познат во јавноста како Пеката, му забележал на Апасиев дека Левица постојано ги објавува неговите патни трошоци. Откако почнал да го навредува Апасиев на лична и семејна основа, дошло до конфликт, при што Апасиев фрлил филџан кафе, а инцидентот за малку не прераснал во физичка пресметка.

Од Левица тврдат дека Ристески со месеци ги навредувал нивните пратеници, додека службите на Собранието ги криеле податоците за неговите трошоци, кои, според нив, изнесуваат околу 14.300 евра.

Ристески на Фејсбук објави своја верзија, обвинувајќи го Апасиев дека со намера провоцира за да добие медиумско внимание. Тој напиша дека е погрешно да му се одговара на Апасиев и го нарече лицемерен, со дволично однесување пред и зад камерите.

Инцидентот се случи откако пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, јавно побара Собранието и Генералниот секретар да ги објават трошоците на пратениците за пат и кирија. Иако ваквото барање е поднесено пред повеќе од три месеци, службите сè уште не дале целосен одговор. Пратеничката Мојсоска поднела и барање како граѓанин, но и тоа не било целосно исполнето.

Јанчев истакна дека ваквиот однос на собраниските служби ја понижува пратеничката функција и најави дека на секоја наредна седница ќе бара еден час пауза додека не се добие одговор на нивното барање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!