Скандал пред избори: Апасиев обвинува – АВМУ и ДИК измислуваат термин ‘поддржувач’ за да им овозможат реклами на ВМРО-ДПМНЕ!
25/09/2025 12:55
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК) измислуваат нов, невообичаен термин „поддржувач“ за да им овозможат на ВМРО-ДПМНЕ да плаќаат реклами на Максо ТВ, иако не се формално во коалиција.
Според Апасиев, оваа маневра е обид да се заобиколат законските ограничувања и да се дозволи финансирање на политички реклами преку неформални канали. Тој нагласува дека ова претставува сериозно кршење на изборните правила и ја доведува во прашање транспарентноста на политичкото рекламирање.
Апасиев најави дека Левица ќе преземе правни мерки против оваа постапка, вклучувајќи кривични пријави и тужби за оштета. Тој исто така предупреди дека оваа ситуација може да доведе до правна битка која ќе се разгледува и на меѓународно ниво, вклучително и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Видете го лицемерието на АВМУ (Зоран Трајчевски) и ДИК (Борис Кондарко)…
Кога беше за “Независните” не им беше проблем да се стават во улога на законодавец и со подзаконски акт да регулираат правна празнина.
Кога е за ЗНАМ, дури во Упатството за платено политичко рекламирање измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” (иако законот оперира само со терминот “коалиција”), за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, иако не се формално во коалиција и имаат две бројчиња.
Ама кога е за Левица – не можеле они да толкуваат!? (иако целта на законот е СИТЕ ПАРТИИ и парламентарни и вонпарламентарни да добијат средства од државата). Тоа во правото се вика телеолошко толкување, ама многу сте прости, пакосни и корумпирани да го сфатите, па се држите само до граматичко-позитивистичкото.
Па така, за прв пат во независна Македонија на една легална регистрирана партија ефективно ќе и биде ЗАБРАНЕТО ДА СЕ РЕКЛАМИРА дури и со свои пари! Слушајте ми го зборов дека за оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Но, оваа НЕПРАВДА која ни ја прават ќе предизвика “ефект на бумеранг”, па наместо штета – бидете сигурни дека НАРОДОТ гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак! 💜
p.s. Не се откажуваме ниту од правната борба. Нашиот правен тим ќе спреми и кривични пријави и тужба за оштета против сите членови на ДИК и на Советот на АВМУ, за предизвикана материјална штета на Левица која ќе ја утврдиме дополнително, со финансиско вештачење. ⚖️
p.p.s. Уставниот суд, коо по обичај, не е од тука. Го има фатено зимскиот сон, иако “ПЛУРАЛИЗМОТ” и слободните и фер избори се темелни вредности на нашиот уставен поредок кои тој нели, божем, треба да ги штити. 😭
#ХибриденРежим
#VmroNevermore“, напиша лидерот на Левица Димитар Апасиев.






