(Фото) Вработен во Влада и фан на власта: Oва е човекот кој му се зakaнуваше на Апасиев
07/07/2021 13:55
Голема прашина во јавноста крена објавата на Димитар Апасиев на Фејсбук во која тој расакажа за една непријатна ситуација со полициски службеници кои го застанале на автопатот Скопје-Штип.
Тој посочи дека полицајците кои го сопреле неговиот автомобил не ја почитувале процедурата, а се променило во моментот кога им го посочил својот пратенички имунитет.
По објавата за настанот Апасиев доби и лична закана од Фестим Рустеми вработен во Владата на Република Македонија. Она што загрижува е фактот што досега и покрај заканите упатени кон пратеник тој се уште не е повикан во полиција.
-Ова е Фестим Русеми љубител на ликот и делото на Зоќе и возач во Владата кој јавно и директно му се заканува на пратеник. Да бевме нормална држава сега ќе беше повикан во полиција и ќе леташе од работа.
Ова е Фестим Русеми љубител на ликот и делото на Зоќе и возач во Владата кој јавно и директно му се заканува на пратеник❗
Да бевме нормална држава сега ќе беше повикан во полиција и ќе леташе од работа.. pic.twitter.com/h5lLPwy2sG— Раск🅰️жу🅱️ачот (@toilet_paper10) July 4, 2021
На заканите од Рустеми одговори и Апасиев.
Премиере @Zoran_Zaev Во која тоа европска земја, ШОФЕР во Влада му се заканува на пратеник во парламент, запраша Апасиев.
Премиере @Zoran_Zaev
Во која тоа европска земја, ШОФЕР во Влада му се заканува на пратеник во парламент?#ПратеничкоПрашање pic.twitter.com/jFjZs8GDas— Апасиев (@apasiev) July 4, 2021






