Утре дожд и грмежи, од вторник се враќаат пеkолните температури
11/07/2021 20:43Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 33 степени.
Од вторник до петок следува период на стабилно и многу топло време, информира УХМР





