Твитер забpaни споделување на туѓи видеа и фотографии без согласнот
01/12/2021 18:20Твитер денеска објави дека нема да дозволи споделување на приватни медиумски податоци, како што се фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое се наоѓа на нив.
„Кога поединци или овластени претставници на лицата чии фотографии или видео снимки се споделени ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни фотографии или видеа, ние ќе ги отстраниме“, соопшти Твитер.
Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти, потсетува Ројтерс






