MKinformer

your daily dose of news

ПЛАНИНАР ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА ВО МАВРОВО, ИМ ПОДЛЕГНАЛ НА ПОВРЕДИТЕ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

29/06/2024 16:41

Планинар паднал во провалија и завршил со тешки повреди на главата. Го извлекла единица „Tигри“ и со хеликоптер веднаш бил пренесен во Градската болница „8 Септември”, каде лекарите констатирале смрт.

Несреќата се случила на тешко пристапен терен на територијата на Општина Маврово Ростуше.

„Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од „САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ „8 Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт“, информираат од ЦУК.

error: Содржината е заштитена од копирање !!