СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42 СТЕПЕНИ, ВИСОКО УВ ЗРАЧЕЊЕ
12/07/2024 6:25
Сончево и многу топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава. Ќе биде до умерено облачно, особено во попладневните часови, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот денеска ќе биде висок и ќе изнесува 9. Температурата наутро ќе биде од 14 до 22 Целсзиусови степени, а во текот на денот од 31 до 42 степена.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 20 степени наутро до 40 во текот на денот.
И за деновите од викендот синоптичарите најавуваат сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот утре ќе биде 10. Температурата и утре ќе се движи од 31 до 42 степена.






![УХМР со дeтaлнa пpoгнoзa зa цeлa нeдeлa - еве какво време не очекува promenlivo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/promenlivo1.jpg)