Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи
19/06/2026 8:46
Сончево и топло со температури до 33 степени, попладне локални грмежи
Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 27 и 33 степена Целзиусови.
Северен ветер и попладневна нестабилност
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Иако денот започнува со претежно стабилно време, во попладневните часови на одделни места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Најизразена нестабилност се очекува во планинските предели и во југоисточните делови од државата.
Времето во Скопје
Во главниот град времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 15 до 32 степени.
Што носи наредните денови?
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до средината на следната седмица ќе се задржи сончево и потопло време во претпладневните часови, со променлива облачност во текот на денот. Сепак, поради зголемената енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме.





