MKinformer

your daily dose of news

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО СО ВИСОКО УВ ЗРАЧЕЊЕ И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42 СТЕПЕН

17/07/2024 6:40

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 36 до 42 степени.

Зраќењето исто ќе биде на восоко нибо UV=10

Во Скопје: сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.

Денес и утре ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

error: Содржината е заштитена од копирање !!