MKinformer

your daily dose of news

КАРПОШ ЈА ПЛАТИ НАЈСКАПАТА ЦЕНА НА КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ШТО ГО УРНИСА СКОПЈЕ

26/07/2024 11:58

Пред точно 61 година, на денешен ден, Карпош ја плати најскапата цена на катастрофалниот земјотрес што го урниса Скопје. Најмногу урнати згради, стотици настрадани, илјадници без дом. Но Карпош се дигна. Како феникс, од пепел, но и од човечка солидарност, верба и љубов. Со помош од целиoт свет никнаа нови населби, се изнаредија нови Kарпоши,Тафталиџе, Влае…Оттогаш наваму Карпош расте и се разубавува. Карпош е убаво и најпосакувано место за живеење, се вели во зборовите на сеќавање на денешниот ден пред 61 години кои си споделија од локалната самоуправа на Карпош.

„Римска“, „Атинска“, „Осло“, „Московска“, „Копенхагенска“, „Лондонска“, „Њуделхиска“ и многу други улици, сведочат за светската солидарност која му се случила на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Карпош се сеќава, Скопје одбележува 61 година од овој немил настан.

Моментот кога часовникот застана, а со помош на светот се изградија населбите во главниот град. Еден таков објект е и „Партизан“, француска донација од 1969.

Да бидеме солидарни, да го чуваме она што го имаме и да се сеќаваме на настаните кои придонесоа градот убав пак да никне, порачаа од општина Карпош.

error: Содржината е заштитена од копирање !!