MKinformer

your daily dose of news

ОД УТРОВО БЕЗ ВОДА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ОД КАРПОШ, ЦЕНТАР И ЕДНО СЕЛО ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕРОВ

30/07/2024 9:41

Како што информираа од ЈП Водовод и канализација –  Скопје пради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф 125 мм на ул. „Блажо Тодоровски“ бр 9 во Центар, денеска од 07:30 часот до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците од Ново Маало, новите згради до ТЦ Џамбо.

Поради технички зафат во пумпната станица и санација на уличен дефект, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Никиштани, од 06:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект од Ф-400мм на бул. „Илинден“ во населба Карпош, со намален притисок ќе останат корисниците од улиците Манапо, Карпошово Востание, Огражден, Струма и Радика.

Водоснабдувањето, како што најавија од ЈП Водовод и канализација –  Скопје, ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!